По Струга, изложбата „Москва денес“ ќе биде претставена и пред љубителите на уметноста во Охрид.
Станува збор за изложба којашто се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.
На неа ќе бидат претставени реномирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“.
Изложбата ќе биде отворена денеска во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Strugaonline
Facebook Коментари