Денеска во просториите на Црвен Крст – општинска организација Струга, се одржа работилница на тема “Сподели почит„.
Овој настан се реализираше во рамките на проектот “Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза„ во соработка со Гешталд Центар „Младен Костиќ„. На оваа работилница учествуваа 39 ученици од мешан етнички состав, а главната цел беше да се развие свесноста кај младите дека говорот на омраза ги дискриминира, ги зголемува тензиите и создава социјална криза.
Strugaonline
Facebook Коментари