Голманот на Охрид, Благојче Трајкоски ги доби максималните 15 гласа во изборот за најдобар ракометар во регуларниот дел од Супер машката лига за сезоната 2017/2018.
Тој имаше најмногу гласови во трите категории така што немаше конкуренција и сосема заслужено се наоѓа пред своите колеги од тимовите на Радовиш, Металург, Пелистер и Пролет.
Трајкоски доби 15 гласа, зад него со 10 остана голманот на Пелистер, Милош Рајичиќ, а потоа следуваа Никола Даниловски (Металург) и Стефан Кимевски (Пролет) со осум и Славјан Паунов од Радовиш со четири гласа.
извор: 24rakomet.mk
фото: 24rakomet.mk
Facebook Коментари