Еден од најискусните ракометари во тимот на Е. Работник, стружанецот Гоце Ојлески се најде на врвот на листата во изборот за најдобро лево крило. Тој доби најмногу гласови од трите категории на гласови така што со 14 поени успеа да се најде на врвот.
Ојлески имаше одлична сезона така што ова е само награда за она што го сработи во текот на шампионатот.
Зад Ојлески заврши Бојан Маџовски од Пелистер со десет поени, а по девет имаат Мајиќ и Трајковски. Мајиќ финишираше како трет затоа што доби четири гласа од новинарите, додека Трајковски го зазема 4. место во генералниот пласман.
Последен со само три глаза е Менде Петкоски кој настапи на првите 14 меча за тимот на Прилеп.
Извор: 24rakomet
фото: архива
Facebook Коментари