Територијалната противпожарна единица од Струга доби донација

- Локални
1400

Денес ТППЕ (територијална противпожарна единица) од Струга доби донација во која со средства партиципираше и општина Струга. Камионот за противпожарната единица е финансиран од средства на општината, додека комплетната опрема е донација од невладината организација „Скафур“ од Швајцарија, со која општина има потпишано меморандум за соработка.Оваа опрема ќе придонесе кон поголема ефективност на работењето на противпожарната единица и подобрување на нејзината ефикасност на терен.Општина Струга ги јакне капацитетите на противпожарната едница се со цел поголема безбедност на граѓаните и подобра служба кон истите велат од Општина Струга.

Извор: StrugaOnline / Општина Струга

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари