ВИДЕО: Роналдо постигна неверојатен гол со ножички против Јувентус
Кристијано Роналдо има свое шоу во Торино против Јувентус. Во 3-та минута го отвори резултатот, а во 64-та минута постигна спектакуларен гол. Роналдо постигна неверојатен гол со ножички и речиси сите навивачи на Јувентус станаа и му аплаудираа.
Кристијано Роналдо покажа каков мајстор е, по асистенција од Карвахал се издигна над теренот и со неверојатни ножички ја смести топката во мрежата на Буфон. Гол кој никогаш нема да се заборави.

