EXIT ја објави комплетната програма за No Sleep Novi Sad бината!

- Забава
814

Откако EXIT го објави гигантскиот „All-Star“ список на хедлајнери за овогодишното издание на Денс Арената, на кој во низа се наоѓаат во моментов најголемите светски диџејски ѕвезди Nina Kraviz, Maceo Plex, Solomun, Richie Hawtin, Adam Beyer & Ida Engberg, Amelie Lens, Boris Brejcha, Tale of Us, Ben Klock и бројни други, на ред дојде и сѐ повеќе популарната бина на Exit – No Sleep Novi Sad! Длабокиот ров зад Арената и најистурената точка на Exit многумина ја нарекуваат вистински фестивал сам по себе, а оваа година таа ќе го претстави и своето, досега најмоќно издание со овогодишните клубови-партнери, лондонскиот fabric, њујоршкиот The Bunker, московскиот Arma 17 и римскиот клуб Goa. Од 12-ти до 15-ти јули, пред неколкуте илјади фанови во традиционално преполниот ров на југот на Петроварадинската тврдина ќе настапат Helena Hauff, DJ Tennis, Mike Servito, Daniel Avery, Red Axes, Craig Richards, Nikita Zabelin, Tin Man, Julia Govor, Midland, Giorgio Gigli, Philipp Gorbachev, Erika, Abelle, Eric Cloutier, Tijana T, Adiel, Silvie Loto, Bryan Kasenic, Svetlana Maraš, Patrick Russell и други.Веќе на самиот старт на четирите бессони ноќи, во четврток на 12-ти јули нѐ чека Lego, идната ѕвезда од Стокхолм, од угледната етикета Parabel, како и британското дуо Blackhall & Bookless познато по своите Jaunt журки веќе децении наназад и српската меѓународно призната диџеј ѕвезда Tijana T. Ќе бидат тоа три сета за вовед во првата ноќ под знамето на еден од најпознатите светски клубови, лондонскиот fabric, а ова патување од Фарингдон до Петроварадин ќе го продолжи брилијантниот продуцент Midland кој за клупската издавачка куќа неодамна го објави и микс албумот FABRICLIVE 94. Како и саботите во Fabric, и оваа ноќ на Exit е незамислива без нивниот славен резидент и автор на првиот микс, Craig Richards, чиј раноутрински сетови се материјал за лондонските легенди, а тој како музичка икона е и влијание врз цели генерации. Секогаш кога во „back2back“ сет ќе му се придружи фасцинантниот уругвајски селектор Nicolas Lutz, тогаш тоа е вистински музички празник кој по лондонската публика ќе го искуси и публиката на Exit! А со нив конечно пристигнува и во моментов најголемата лондонска техно ѕвезда и неприкосновениот островски „rock-star“ на електронската сцена, Daniel Avery! Неговиот нов и многу исчекуван албум излегува сега во петок, а фамозниот „Ave“ ќе ги здружи силите со својот германски пандан, бидејќи со него на пултот во „back2back“ сет ќе застане првиот човек од Dystopian етикетата и берлинскиот техно фаворит Rødhåd! Двајцата лидери на новата генерација диџејски ѕвезди ќе ја поведат публиката во завршниот и по правило најпосетен сет на бината чие име сѐ кажува – No Sleep!

Втората ноќ, во петок, 13-ти јули, со посебно за EXIT подготвениот концерт, No Sleep Novi Sad бината ќе ја отвори српската композиторка Светлана Мараш, директорката на Електронското студио на Радио Белград, чии дела ги обиколија фестивалите и концертните сали од Берлин до Њујорк. Токму од таа страна на океанот стигнува и фамозниот њујоршки колектив The Bunker, а со нив и гостинката од Детрот, техно хероината Erika од култното дуо Ectomorph, како и еден од најфасцинантните светски „live techno“ уметници – Tin Man! Сепак, она што на Bunker им го осигура меѓународниот статус на вистинска андерграунд етикета која оваа година слави 15 години работа, се неговите резиденти. Суперискусниот ветеран на американската сцена Patrick Russel ќе го постави и тонот и темпото на вечерта, додека вистинскиот диџеј-хипнотичар и музички фанатик Eric Cloutier ќе го преземе во своја одговорност нејзиниот најмрачен дел, оној пред разденување. Првото утринско сонце ќе го дочека Bryan Kasenic, легендарниот основач на Bunker чии корени досегаат до овие простори, а ударниот и финален сет очекувано ќе го преземе вистинскиот детроитски „супертешкаш“ со адреса во Бруклин – Mike Servito!

Од запад на исток се селиме во сабота на 14-ти јули, од каде на EXIT доаѓа веројатно и најзначајниот руски уметнички колектив на денешницата – московската Arma 17. Екипата зад која стојат најпознатиот московски клуб, издавачка куќа, како и фестивали и настани во сите делови на планетата, ќе ја дочекаат No Sleep ведетите и резиденти Sloxxx и Klaus. По нив веднаш доаѓа една од најистакнатите меѓународни претставнички на Arma, денешната њујорчанка која потекнува од срцето на московската сцена, Julia Govor! Уште еден супер-возбудлив настап во живо оваа година ќе потпише рускиот фантастичен артист и „one-man-band“ Philipp Gorbachev, а преодот од ноќта кон денот ќе ни го отслика идејниот творец на Arma, Natasha Abelle. Првиот утрински сет оди директно во рацете на најистакнатата руска техно ѕвезда и симбол на новата сцена од истокот, Nikite Zabelina, чиј индустриски звук од современата Москва ќе биде вистинска увертира за финалето – музичко. А тоа како и фудбалското истиот тој викенд, ќе биде од подеднакво историски размер бидејќи на EXIT стигнува неприкосновената Helena Hauff! Специјалната гостинка на Arma и Exit медиумите ја нарекуваат „најдоброто нешто од Хамбург што ѝ се случило на музиката по Битлси“, а нејзиниот Essential микс за Би-би-си е прогласен за најдобар во 2017-та година. Комплетно отсутна од социјалните мрежи, без кредитни картички и „геџети“, Helena Hauff со автентичен ентузијазам за публиката ја обиколува планетата како ултимативен техно хедлајнер на водечките фестивали и клубови.

Неделата секогаш била резервирана за финале, а Италијанците знаат како се победува токму кога конкуренцијата е најголема! За да ги надигра претходните три ноќи, најдобриот клуб на „вечниот град“, римскиот Goa, на 15-ти јули го испраќа својот прв тим засилен со напаѓачкиот тандем и капитенот кој игра на „сѐ или ништо“! Прв на #NSNS теренот излегува Fabrizio Sala, микро-хаус диџејот задолжен за најдобрите воведи и најдолгите афтери, а него го следат и три вистински римски ѕвезди: Silvie Loto, редовното име на водечките журки на Ибица, Adiel, вуду ритмичарката на новата италијанска техно сцена и DJ Red, алтер-егото на Симон Калвани, еден од техно симболите на Goa Ultrabeat журките во Рим, чиј е резидент веќе 20 години! За инжинерски прецизна игра во средината на ноќта ќе се погрижи доајенот на римската техно сцена, големиот „noir“ хипнотик Giorgio Gigli, јарболот на религиозно обожуваните етикети „Elettronica Romana“, „Zooloft“, „Prologue“ и „Electric  Deluxe“. А откако минатото лето приредија нестврано утро пред преполниот ров, израелското дуо Red Axes, се враќа на тврдината со целосно нов материјал од уште необјавениот албум за една од највлијателните издавачки куќи на деценијата, „Life & Death“. Нејзиниот оснивач DJ Tennis, воедно е и капитен на оваа фантастична екипа, и тоа токму од позиција на некогашен програмски уредник на најдобиот римски клуб, но и еден од лидерите на светската електронска сцена. Нему ќе му припадне финалниот и завршен сет, но и големото собирање на целиот тим на бината во голема завршница каква што доликува на овогодишното издание на No Sleep Novi Sad бината, која по својот формат израсна во вистински фестивал во рамки на многу поголемиот, Exit.

StrugaOnline

Facebook Коментари