Победничката низа на РК Струга продолжува, и тоа на домашен терен против РК Тиквеш од Кавадарци, каде се играше 6-то коло од првата Македонска ракометна лига и извојуваа победа со 38:19 (16:10).
Натпреварот се покажа дека ќе биде лесен, бидејќи нашите ракометари имаа комплетна доминација од почеток до самиот крај на средбата.
На крај РК Струга убедливо со победа од 38:19 на домашен терен ја совлада екипата на РК Тиквеш од Кавадарци.
РК СТРУГА – РК ТИКВЕШ 38:19 (16:10)
Спортска сала: „ТИМИ“ во Струга. Гледачи: 500. Судии: Илиевски Иван и Маркоски Александар. Делегат: Дјакоски Васко.РК СТРУГА: Јанкулоски Тодор 6, Кузманоски Цветан 5, Крстаноски Христијан 5, Тренчевски Александар 4, Дукоски Ивица 4, Белески Валентино 3, Попоски Петар 2, Милески Ристо 2, Томе Нацев 2, Мемед Јасмин 2, Марио Трајкоски 1, Нацев Никола 1, Бајрамоски Сенад 1.
РК ТИКВЕШ: Васе Витанов 11, Диме Минов 5, Блаже Толов 1, Игор Ангелов 1, Миле Ангелковски 1.
Извор и фото: StrugaOnline
Facebook Коментари