Лев банер Десен банер

Бремените и хронично болните да не одат на работа

7174129

Бремените жени и хронично болните лица над 60 години денеска и утре да бидат ослободени од работа, а за работните задачи на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица, препорача Министерството за здравство.

Државниот советник за здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска соопшти дека согласно податоците на УХМР се очекува Осоговско-малешевскиот (Делчево, Виница, Берово) и Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево) и денеска да бидат зафатени со температури од портокалова фаза и дека ниските температури ќе продолжат и утре.

Голем проблем се и падовите и скршеници како последица на лизгавоста на улиците, поради што се препорачува внимателност на граѓаните за да не дојде до скршеници.

Од Управата за хидрометеорологија за денеска најавуваат променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието, а температурата ќе се движи од -10 до -2° С.

Студенотo време ќе продолжи уште утре, додека од среда и четврток се најавува постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд, велат од УХМР.

извор: moh

 

error: