Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните делови, попладне е можен краткотраен локален дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени. Во наредните два дена ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со високи дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. За во петок се најавени максимални 27, а во сабота 28 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари