Учете германски јазик во Едукативен центар „Таргет“ – тоа е јазик на иднината во Европа и светот

- Локални
2282

Едукативниот центар „Таргет“ е вистински бренд за квалитетна подготовка по повеќе училишни предмети во нашиот град. Голем број членови на овој центар се повеќе од задоволни од начинот на работа кој го преферира стручниот тим на „Таргет“ кога станува збор за подготовки по наставна програма, изучување, англиски јазик, математика, подготовка за тестови, писмени задачи, пишување есеи, домашни задачи и друго. Посебен акцент во овој период се става на германскиот јазик.

Сите знаеме дека знаењето странски јазици ни ги отвара вратите кон светот. Германскиот јазик е многу интересен за зборување и слушање, а моментално е број еден и во Европа и во светот. Во последните години во Македонија германскиот јазик е баран и за негово изучување интересот е се поголем. Луѓето во последно време често одат во странство на работа, некои се селат, а некои учат германски затоа што сакаат да си го прошират знаењето. Во  ЕЦ „Таргет“  програмата за германски јазик е соодветно направена за сите возрасти. Малите деца  учат преку песнички и игри. За возрасните подготвена е  посебна програма преку која тие се  запознаваат со германскиот јазик и граматиката како и потребото знаење за секојдневна комуникација. Сите заинтересирани можат да се запишат на курс по германски јазик и сега. Истиот може да се изучува и во текот на летото.

Освен споменатите предмети и јазици, во едукативниот центар Таргет и матурантите можат да се подготвуваат за соодветните полагања кои им претстојат.

Strugaonline

Facebook Коментари