
Првиот Дигитален самит за Западен Балкан ќе се одржи во периодот 18-19 април во хотелот Александар Палас во Скопје. На самитот ќе присуствуваат претставници од владини институции, бизнис сферата, граѓански организации и академици од земјите од регионот. Настанот е дел од Берлинскиот процес и има за цел регионална координација за приближување на регионот до Европската Унија.
Во склоп на Дигиталниот самит, планирани се и две отворени сесии: Digital Talks фокусирана на иновативните ИТ лидери од регионот и Combating Fake News каде ќе се дискутираат можните пристапи во борбата против лажните вести.
Strugaonline
Facebook Коментари