Во рамките на Програмата за промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), ПХВ тимот на млади при охридскиот Црвен крст организира Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики.
Тргнувањето е денеска во 11:00 часот од платото пред Градското пристаниште во Охрид, а ќе се вози покрај езерото до „Горица 3“ (плажа „Немо“) и назад до Градското пристаниште. За сите учесници организаторот обезбеди соодветно освежување.
„Велосипедското возење има и хуманитарен карактер, а со средствата кои ќе се соберат со купувањето на учесничкиот талон во вредност од 100 денари ќе се помогне на ученици од социјално-загрозени категории да одат на екскурзија низ Македонија со своите врсници од основните училишта.“- информираат организаторите.
Strugaonline
Facebook Коментари