Денеска завршува хуманитарната акција на „Калајџи dental care”

- Локални
983

По повод 10 години успешна приказна, Стоматолошката ординација „Калајџи dental care” започна во саботата, а продолжува денеска со спроведување на  хуманитарна акција на која што се поканети сите граѓани на Општина Струга. На овој настан  се повикуваат сите наши сограѓани да донираат кој колку што сака и кој колку што може финансиска помош.

 

Сите финансии што ќе ги собереме ќе ги донираме на детската градинка „Пеперутка“ од Струга. Секој што сака, а немал време да дојде изминатиов викенд, односно во саботата,  има можност денеска, со преглед на неговото орално здравје да донира 200 ден, со полирање на забите да  донира 300 ден. Може да се донираат финансиски средства и без да се прави никаква интервенција од страна на стручниот тим на „Калајџи dental care“. Сите кои што на било каков начин ќе донираат финансиска помош, па макар и денарче ќе добијат подарок – сет средства за одржување на оралната хигена.

Драги сограѓани, секогаш помага тој што сака да помогне, а не тој што може да помогне. Фактички ние донираме во нашата иднина. Децата на Општина Струга се темелот на нашата иднина, а првите пет се најважни на целиот свет. Ако не се напиеме едно кафе во градските кафулиња, и тие средства ги донираме, ќе си ја напоиме нашата душа со едно корисно дело. Целиот собир е организиран од страна на стручниот тим на Стоматолошката ординација „Калајџи dental care” и нема никаква цел за лично афирмирање, рекламирање или злоупотреба на сето ова.. – велат од „Калајџи dental care”

Светот е поубаво место за живеење кога има детски насмевки, детски џагор и кога сите можеме да му се радуваме подеднакво на сето тоа.-мотивираат од ординацијата.

Оваа збиднување се остварува во просториите на Стоматолошката ординација „Калајџи dental care“ во Струшката чаршија од 10ч до 17ч, 20 метри од поранешната градска аптека.

Strugaonline

Facebook Коментари