СВР Охрид ќе реализира показна вежба на градското пристаниште во Охрид

- Локални
814

По повод Денот на полицијата, 7-ми мај, СВР Охрид почнувајќи од денес па во наредните неколку дена на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показната вежба што ќе се одржи на 5-ти мај.

Од СВР Охрид ги информираат граѓаните да не се вознемируваат, бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко-тактички средства и опрема и ќе се гледаат и слушаат симулациите на решавањето на различни ситуации од страна на полицијата.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари