Кадетите на РК Струга денеска се домаќини на натпреварот со РК Макалоски

- Локални, Спорт
1022

Кадетите на РК Струга денеска во 17:00 часот, на домашен терен, во спортската сала „Нико Нестор“ играат натпревар со екипата на РК Макалоски од Прилеп. Ова е одлична можност за сите љубители на ракометот во нашиот град да бидат поддршка во публика за нашите млади ракометни надежи кои докажуваат дека Струга и понатаму останува расадник за ракометни таленти.

Strugaonline

Facebook Коментари