Краткиот игран филм „48“ на режисерот Владимир Митревски, е селектиран на престижниот филмски фестивал во Нешвил, Америка.
„48” е приказна за млад свештеник кој својот живот го има посветено на црквата давајќи завет за целибат. Неговиот концепт за живот комплетно се менува откако на 48 часа пред крајот на светот, тој решава да му подлегне на искушението кое дотогаш го дефинирало како личност – сексот.
Главната улога во филмот ја толкува Димитрија Доксевски, заедно со Горан Стојановски и Сара Климоска. Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а во авторска екипа се директорот на фотографија Наум Доксевски, сценографот Владимир Зафирковски, костимографот Раде Василев, монтажерот Филип Грчевски, дизајнерот на звук Игор Поповски и продуцентот Огнен Антов.
Владимир Митревски го подготвува својот дебитантски игран филм „Оливер“, кој е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Извор: cooltura.mk
Facebook Коментари