Дирекцијата за заштита и спасување Подрачно одделение Струга поради наглото зголемување на температурите на подрачјето на Р.Македонија и можната појава на шумски пожари и пожари на отворени простори, согласно Законот за заштита и спасување и Законот на шумите превзема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниот период.
За поуспешна заштита од евентуално настанување на пожари, Дирекцијата за заштита и спасување известува дека ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари.
Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски и други пожари на отворен простор, Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следните предупредувања до сите граѓани на Република Македонија.
– Да не се пали оган на отворен простор и на небезбедни места
– Да не се палат стрништа,меѓи и други површини
– Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа
– Да не се врши палење отпад и друг горлив материјал
– Да не се фрлаат отпушоци од цигари
Facebook Коментари