И оваа година, традиционално, дочек на православна Нова Година во клуб „Оаза“ Струга

- Забава, Локални
2434

oaza-2

И оваа година, центарот на најдобрата забава во Струга е клуб „Оаза“ Струга,  традиционално масовно маскирање за зачувување на духот на традицијата и народните вредности.

oaza-4

– И оваа година ја продолжуваме традицијата за дочек на Православна Нова Година, односно да организираме „Маскенбал“ за масовно маскирање на сите стружани, се со цел  да ги зачуваме и негуваме духот, традицијата и народните вредности во нашиот град. За најинтересните и најкреативните маски следуваат вредни награди. Иницијативата е покрената да не дозволиме да изумре една прекрасна традиција, на која стружани одсекогаш знаеле да бидат креативни и расположени за добра забава и многу смеење.

Од името на целата екипа на клуб „Оаза“ Ви ја честитаме Новата Година и Божиќните празници и Ве покануваме на „Маскенбал“, во петок 13-ти Јануари, и да ја пречекаме Православна Нова Година со желба за многу здравје, мир и благосостојба, – изјави Иван Лазороски, долгогодишен менаџер на клубот „Оаза“.

oaza-1

Facebook Коментари