Од денеска нови цени на горивата

- Македонија
830

Бензините и дизелот од полноќ се продаваат по нови цени, повисоки за два денари.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, литар Еуросупер БС 95 се точи за 70 денари, а Еуросупер БС 98 за 71,50 денари. Еуродизелот чини 62, а Екстра лесното масло за домаќинство се продава по 50,50 денари за литар.

Зголемена е и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, па сега килограм чини 30,037 денари.

Новите цени ќе важат во следните две недели.

Facebook Коментари