Време: Денеска сончево со умерена облачност, утре дожд и грмежи

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд особено на исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 7. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, локално со пороен дожд и грмежи.
Извор: УХМР
Strugaonline

