Данскиот филм за деца „Неверојатната приказна за џиновската круша“ утре се прикажува во Струга

- Локални
1164

Центарот за култура „Браќа Миладиновци“- Струга ги поканува најмладите љубители на седмата уметност да уживаат во  филмската магија на данскиот филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“ , базиран на истоимената популарна книга за деца од Јакоб Мартин Стрид.

Тоа е приказна за две другарчиња – слонот Себастијан и мачката Мичо кои се впуштаат во морска авантура за да го спасат исчезнатиот градоначалник Џи Би, кому еден ден мистериозно му се губи трагата. Тие го совладуваат морето со нивната џиновска круша и во текот на нивната авантура ќе налетаат на пирати, змејови и чудни духови.

Филмот е наменет за публика на возраст од 4 до 14 години. Продуцентската куќа „Катавеј“ од Скопје по втор пат е организатор на поголем проект којшто под капата на програмата МЕДИА на Креативна Европа ќе се реализира во три земји, Македонија, Хрватска и Албанија. Проектот меѓу другото, подразбира и проекции истовремено во трите земји на еден ист филм, синхронизиран на јазикот каде што ќе се прикажува.
„Неверојатната приказна за џиновската круша“ во режија на Филип Ајнстин Липски, Јурген Лердам и Амелие Несби Фик беше селектиран во детската програма КПлус во рамките на Берлинскиот филмски фестивал 2018.

Овој анимиран филм привлече повеќе од 216,000 гледачи во данските киносали од премиерата во октомври 2017. Филмот привлече и огромна публика интернационално и беше продаден во повеќе од 100 земји.

Во кино-салата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, филмот ќе се прикажува утре со македонска синхронизација, а на 7-ми мај (понеделник) со албанска синхронизација. Почеток во 13:00  часот, а влезот е 100 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари