Лев банер Десен банер

ФФМ го суспендира теренот на Струга Трим Љум

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го суспендира теренот на Струга Трим Љум, поради случувањата по натпреварот против Македонија Ѓорче Петров (1-2) кој се одигра во рамки на Втората лига – Запад.- објави gol.mk

„Лавовите“ дојдоа до победа во 99. минута од мечот во Струга, по што следеа немили настани и имало обид за напад на службените лица на мечот. Поради тоа, ФФМ реши привремено да го суспендира теренот на стружани, а понатамошната одлука ќе ја донесе дисциплинецот на наредниот состанок.

Струга Трим Љум со поразот од Македонија ЃП речиси ги загуби шансите за влез во Првата лига, а по мечот, од тимот имаше соопштение и бурна реакција на арбитражата на Јосип Бартон кој беше главен судија на оваа средба.

Извор: gol.mk

фото: архива

error: