Показна вежба на дел од единиците на МВР утре во Охрид

- Локални
989

Во рамки на одбележување на 07-ми мај – Денот на македонската полиција, утре во 12 часот во  Охрид ќе се одржи показна вежба на дел од единиците на Министерството за внатрешни работи.  Вежбовните активности ќе се одржат во водите на Охридското езеро во близина на градското пристаниште, каде изминативе денови беа изведувани одредени вежбовни маневри.

Заради потребите на показната вежба, СВР Охрид , утре во времето од 00 до 14 часот, за сообраќај ќе биде затворен кеј „Македонија“ на потегот од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до кружната крстосница на булевар „Македонски просветители“.  На овај потег, забрането е паркирање на патнички и други моторни возила.

СВР Охрид упатува отворена покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на градското пристаниште, од каде ќе можат да ја проследат показната вежба.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари