УХМР: Зголемување на температурите од петок, а од сабота нов снег

Најстудено утрово е во Битола -22 степени, потоа -20 Тетово и Маврово, -19 Лазарополе, -18 Скопје, -17 Прилеп, -16 Берово -15 Дебар и Крушево, -14 Штип и Крива Паланка, Тополчани и Куманово, -13 Виница, -12 Демир Капија, Струмица и Претор, -11 Охрид, -7 Дојран и Гевгелија.
Најмала снежна покривка има во Гевгелија, 2 сантиметри, додека најголема во Маврово, 68.
Во јужните делови денеска ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.
ОД УХМР за утре изутрина најавуваат дека температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.
Патиштата со остатоци од снег и мраз
Сообраќајот е во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег на коловозите и можна е појава на мраз.
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 8 часот е укината.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

