СВР Охрид го одбележува 7-ми мај – Денот на македонската полиција

- Локални
798

Денеска се одбележува 7-ми мај – Денот на македонската полиција и на баталјонот на Воена полиција.

По тој повод, СВР Охрид напладне ќе органзира и свечен прием. На пригодната свеченост, на тројца полициски службеници ќе им се доделат благодарници за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи.

Во саботата на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица,и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна вежба со напад на пловен објект заради совладување и лишување од слобода на опасни лица.

Strugaonline

Facebook Коментари