ФЗОМ: „Клексан“ и „Фраксипарин“ ќе одат на рецепт

- Здравје, Македонија
1335

Фондот ќе овозможи лековите „Клексан“ и „Фраксипарин“ да бидат на рецепт, тримесечна терапија за хронично болни лица, апликација на мобилен телефон преку која ќе може да се лоцира најблиската отворена аптека. Ова се проектите кои се приоритет за оваа година на Фондот за здравствено осигурување. Од таму велат дека има повеќе предвидени проекти кои ќе бидат од исклучително значење за осигурениците, а тоа значи и зголемена достапност за лековите. Од Фондот посочија дека во целост за 2016- та година конкретно за минатиот месец сѐ уште не била искористена квотата од 100 проценти.

fzom-2-1-768x531

„Ако пред 10 години буџетот на Фондот наменет за лекови на рецепт изнесувал само 800 милиони денари, толку пари биле на располагање во текот на годината за граѓаните да подигнат лек на рецепт, сега тој буџет е неколку пати поголем и е блиску 3 милијарди денари. До нас допираат гласовите на граѓаните и го следиме внимателно тој процес особено во овој период кога имеме зголемена потреба од лекови“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.

На маса ставени и теми кои значат унапредување на соработката меѓу Фондот за здравствено осигурување и фармацевската комора. Според нив соработката е на исклучително високо ниво.

fzom-1-1-768x421

„Комората дава поддршка на проектите коишто фондот ги поставува како целни проекти за подобрување на снабдувањето од една страна, но од друга страна пак сакаме да се подобрат условите во работење во аптеките“, вели Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтска комора.

Фондот за здравствено осигурување има склучено договор со 774 аптеки. Од таму велат свесни се за одредени проблеми и токму затоа се креираат проекти кои ќе бидат реализираме во текот на оваа година.

Извор: Охрид 24

Facebook Коментари