Вчера, во хотелот „Мираж“ во Струга се одржа бесплатна обука за емоционална интелигенција со д-р Лазар Ѓуров и Анита Јанчевска од Институтот „Симбиотика. “. Обуката беше наменета за млади кои сакаат да ги разберат своите и туѓите емоции и да управуваат со истите. Имајќи во предвид дека истражувањата покажуваат дека емоционалната интелигенција како способност (која се учи и развива!) е одговорна за 80% од успехот и среќата на личен и професионален план станува збор за важна област која може да го промени животот на секоја индивидуа.
Предавачите имаа одлична програма, преку теоретски и практичен дел со учесниците споделија важни информации за емоционалните вештини кои можат да помогнат во секоја област од човековото живеење, без разлика дали станува збор за разбирање на своите емоции и управување со нив или пак техники за конструктивна комуникацијата со другите луѓе.
Учесниците на оваа обука имаа можност да проверат и да проценат до кое ниво стигнале во својот развој за емоционална зрелост и интелигенција, а добија и квалитетни насоки како да продолжат понатаму во работењето на себе кое ќе донесе позитивни промени.
Обуката беше организира во рамки на грантот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА”финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на грантистот Локална агенција за развој – Струга.
Обуката беше наменета за млади од 16 до 25 години од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Битола).
Strugaonline
Facebook Коментари