Oбука за дигитални вештини и маркетинг во Струга

- Локални
1041

На 13-ти мај во хотел „Мираж“ во Струга ќе се одржи обука за Професионален развој. Предавач на истата ќе биде Љупка Наумовска. Обуката е наменета за млади од 16 до 25 години од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Битола).

„Со оваа обука ќе го подобриме ентузијазмот, фокусот, самодовербата и клучните комуникациски вештини на учесниците во правец на градење на силен и одржлив професионален профил. Ќе се обработуваат следниве теми: Тест на психолошки профил; Стекнување на лична и професионална самодоверба; Социјална интелигенција; Јакнење на комуникациските вештини: преговарање, јавен говор; Вештини на продажба; Вештини на маркетинг комуникација; Дигитализација и Тимски и индивидуален пристап.“ – информираат организаторите

Обуката е бесплатна и бројот на учесници е ограничен Обуката се организира во рамки на грантот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА”финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на грантистот Локална агенција за развој – Струга.

Сите заинтересирани можат да се пријават на овој ЛИНК.

Strugaonline

Facebook Коментари