Мистериозно убиство во Данска: Четири деца и родителите застрелани во својот домот

- Свет
514

danska

Шест членови на едно семејство се најдени убиени во нивниот дом во централна Данска, во селото Илструп, а полицијата го истражува убиството.
Според полицијата убиени се двајца возрасни и четири деца, по дојава дека нешто чудно се случува во куќата.Најверојатно убиени се двајцата родители и четирите деца, две момчиња и две девојчиња, неофицијално на возраст од 3 до 16 години.
„Кога стигнавме на местото најдовме шест луѓе, двајца возрасни и четири деца, сите беа мртви“, соопшти полицијата.
Полицијата и во вторник продолжува со истрагата на мистериозното убиство, а најавија дека истрагата може да трае со денови.

„Не можеме со сигурност да кажеме што се случило во куќата, истрагата е во тек и се надеваме на некои одговори по завршување на аутопсијата. Истражуваме убиство и се надеваме дека наскоро ќе имаме детали“, напишаа од полицијата.
Аутопсиите се закажани за вторник попладне.
Училиштата и градинките во околината се под посебен безбедносен режим, со оглед на тоа дека официјално не се открива возраста на децата, а се претпоставува дека оделе во локалните училишта и градинки.
„Ова е трагедија и грозен настан што се случи во Улструп. Секако ќе влијае на текот на денот и за училиштата и за дневниот престој“, вели Расмус Молер, раководител на центарот за малди.
„Го активиравме кризниот персонал и ќе бидеме тука за децата да им помогнеме да се изборат со тагата која ќе ја искусат денеска“, додава тој.

Facebook Коментари