Општината, полицијата и инспекторатот во Струга, ќе соработуваат за успешна туристичка сезона

- Локални
1026

Вчера во просториите на општина Струга се одржа средба во која учествуваа шефот на кабинетот на општина Струга г. Дашмир Насуфи , командирот на полициската станица г. Валон Хани, г. Шпендим Илјази од Државниот пазарен инспектиорат како и општинските инспектори.

Целта на состанокот беше меѓусебната соработка на многу институции кои се тангирани со истите проблеми и подготовка за туристичката сезона.

Координацијата, комуникацијата и соработката со други институции се приоритет за решавање на проблемите како што се патниот сообраќај, физички лица кои издаваат простории/соби без дозвола, питачи , гласната музика, злоупотреба на јавните паркинзи, мобилните продавачи на овошје и зеленчук и други.

Хани неколку пати истакна дека полицијата не може да ги презема сите овие мерки без никаква помош, но со соработката на Општина Струга и пазарен инспекторат, за побезбедна и подобра Струга. Тој исто така изрази незадоволство поради тоа што најголем дел од институциите воопшто не известуваат во полициската станица за настаните и активностите во градот, па тој побара да бидат известени најмалку два дена пред настанот или активноста.

Дашмир Насуфи им се заблагодари за нивната соработка и предложи  ваквите средби да бидат почести за ваквата соработката да придонесе кон постигнување  позитивни резултати.
Г.Насуфи го заврши состанокот нагласувајќи дека жалби и проблеми секогаш ќе има, но дека тие  ќе работат за подобра Струга и задоволни граѓани.

Oпштина Струга/Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари