Меѓународен конгрес за металургија од 30-ти мај до 3-ти јуни во Охрид

- Локални
1262

Бројни светски стручњаци ќе учествуваат на деветтиот Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина што од 30-ти мај до 3-ти јуни ќе се одржува во Охрид.

Интензивирање на соработката меѓу науката и стопанството, како и обезбедувањето квалитетен кадар за металуршкиот сектор ќе бидат теми во фокусот на годинашниот конгрес.

Покрај домашни ќе присуствуваат и експерти и професори од Турција, Украина, Шведска и Австрија, а целта е најновите научни достигнувања да се доближат до индустријата.

Ќе бидат презентирани 30-на научни трудови, а предвидени се и презентации од страна на компаниите – учеснички.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари