Жирито на чело со Раде Силјан ги избра финалистите за „Литературни искри 2018“ во Гостивар

- Македонија
838

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“ во Гостивар ги објавија имињата на поетите кои влегуваат во трка за фестивалските награди на годинешното петто по ред издание на манифестацијата. Финалисти се: Жаклина Филипова Свеќаровска (Кочани), Пеце Цветкоски (Битола), Цветанче Костоска (Крушево), Катја Вангелова  (Варна, Бугарија), Александар Михајловиќ (Гостивар), Тони Павлески (Прилеп), Никодин Чернодримски (Скопје), Давор Крстевски (Куманово), Владимир Милојковиќ, (Суботица, Србија) Елена Пренџова (Скопје), Теофила Поп Димитрова (Штип) и Снежана Паноска (Прилеп).

Годинава песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири комисија во состав претседател: Раде Силјан (поет, литературен критичар, есеист, член на ДПМ) и членовите: Габриела Петроска, професор по македонски јазик, лектор и Васфије Билали Ејупи, професор по албански јазик. Финалистите беа избрани во конкуренција од стотина автори.

Фестивалот доделува Гран при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.

Петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 26-ти мај, со поетско читање и соопштување на наградените.

Организатори се Здружението за култура Дунек и Центарот за култура АСНОМ од Гостивар, а поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители.

Strugaonline

 

Facebook Коментари