Матурантите танцуваа „квадрил“ во центарот на Струга

- Локални, Македонија
1607

Денеска точно напладне во  Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово се одржа традиционалната манифестација „Матурска парада 2018“ . Традиционално, матурантите танцуваа квадрил. На манифестацијата во Струга, каде со овој танц матурантите на креативен начин го означија крајот на нивното средно образование присуствуваше и градоначалникот на нашиот град, Г-дин Рамиз Мерко.

„Почитувани матуранти, завршувањето на средното образование е многу важен момент за Вас и за сите граѓани. Преминувањето од адолесценција во фаза на мудрост е многу важен чин. На секое општество му е потребна добро образована и  прогресивна младина.Од срце му посакувам на секој од Вас да ја избере вистинската насока за себе, семејството и заедницата. Исто така, се надевам дека секој од Вас утре ќе го продолжи своето патување, бидејќи на овој начин се гарантира светла иднина за себе и за општеството.„ – рече Мерко за време на своето обраќање на парадата на матурантите.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.
Танцот “Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари