Во организација на Агенцијата за млади и спорт денеска, 21-ви мај, ќе се одржат првите консултации со млади за да се чујат нивните ставови за тоа каков Закон за млади ни е потребен во Македонија.
Младите од Охрид, Струга, Ресен и Кичево се меѓу првите кои ќе можат да ги споделат своите ставови на ова прашање. Отворените консултативни средби започнуваат денеска по следниов редослед:
11:00 часот, Општина Кичево
12:00 часот, Општина Струга
12:30 часот, Општина Охрид
Младите од Општина Ресен се поканети да земат учество на дебатата во Општина Охрид. Патните трошоци ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет.
„На овие први дебати се поканети сите заинтересирани млади луѓе, младински организации, средношколски заедници, подмладоци на политички партии, студентски организации, локални младински совети и сите останати групи кои сакаат да дознаат што значи Закон за млади и да го кажат својот став за што ваков документ треба да содржи.
Ова се само првите од серија дебати кои во текот на еден месец ќе се одржат во над 20 општини во земјата, на кои младите ќе можат да ги споделат своите идеи и потреби со работната група за изработка на овој закон. Со овој процес инициран заеднички од пратениците, институциите и младинските организации во Македонија, се надеваме дека ќе се креира добар закон кој ќе го промени животот на младите во земјата на подобро.“ – информираат организаторите
Strugaonline
Facebook Коментари