Овој четврток ќе се игра Просветителска Импровокација на охридската сцена

- Локални
648

Во четврток (24.05) во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид  ќе се одигра третата епизода од четвртата сезона на театарската импровизација „Импровокација“ овој пат со предзнак „Просветителска.“

И овојпат, актерите  Стрезо, Методиј, Никола, Кирил, Кипро и Жура ќе приредат одлично шоу и на орогинален начин ќе го одбележат Денот на словенските просветители.
Карти по цена од 150 денари (и 200 денари на денот на шоуто) може да набавите во музичката продавница Зи Зи Топ или резервирате на добро познатиот телефонски број 075283 066 (11:00-15:00 часот)
Почетокот на шоуто е закажано за 20.00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари