Лев банер Десен банер

Вардарци одат во Келн да ја одбранат титулата – ЕХФ со моќно видео ги најавува нашите шампиони

Eвропската ракометна федерација креатвно и еуфорично го најавува претстојното одигрување на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Сите очи се вперени во нашите ракометари, Вардарци кои во Келн одат да ја одбранат титулата што ја освоија минатата сезона. За разлика од минатата година Вардар сега има уште посериозна одговорност, а публиката и познавачите на ракометот имаат уште поголеми очекувања од нашите шампиони.

Токму и ова видео на ЕХФ Вардарци ги најавува како вистински ракометни sвезди подготвени со сите сили да ја бранат заслужено освоената титула од минатата година.

https://www.facebook.com/ehf.champions.league/videos/10155727755658666/

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Нант – ПСЖ (15:15 часот) и Вардар – Монпелје (18:00 часот).

Strugaonline

фото: aрхива

 

 

error: