Изложба на слики на Ниче Василев на Вевчанскиот карневал 2017

- Локални
931

Денес точно напладне ќе биде отворена Изложба на слики на академскиот сликар Ниче Василев во рамките на културните активности на Вевчанскиот карневал 2017.

nicevasilev-640x360

Изложбата ќе биде поставена во Клубот на пензионери во Вевчани.

Ниче Василев е роден во 1948 година во село Давбиља, Струмичко. Студирал во Скопје, Софија, Република Бугарија и во Варшава, Полска, на академијата за ликовни уметности – отсек
сликарство, во класата на проф. Лудвиг Мачонг.

Во 1980 станува член на ДЛУМ. Наградата на „Остен“,светска галерија на цртеж, биенале на цртеж ја добива во 2012.

Во досегашнта уметничка дејност Ниче Василев има реализирано над 29 индивидуални изложби, почнувајки од 1977 година. Изложувал во Варшава, Мадрид, Скопје, Крањ, Штип, Софија, Битола, Струмица, Шедлице –Полска, Анкара, Велес , Штум-Барловице-Полска, Гевгелија, Груец, Полска.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари