На 3-ти јуни во Народен театар Охрид со почеток во 20: 00 часот ќе биде одиграна премиерата од театарската претстава „Стаклена менажерија“
-„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби. вели режисерот Софија Ристевска Петрушева
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
Претпремиерата од „Стаклена менажерија“ ќе се игра на 2-ри јуни со почеток во 20:00 часот.
Билети можете да набавите на билетарата на театарот секој ден од 10:00 до 20:00
Strugaonline
Facebook Коментари