Пожар во браварска работилница во Струга

На 31.05.2018 година во 16.30 часот во Струга на улица „Маркс Енгелсова“ од засега неутврдени причини настанал пожар во браварска работилница сопственост на Р.Г.(57) од Струга.
-Од пожарот биле зафатени и изгорени разни предмети и материјали кои се наоѓале во работилницата. Од пожарот била опожарена и металната кровна конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Струга. Извршен е увид на местото на настанот. – информираат од МВР
Извор: МВР
Фото: aрхива
Strugaonline

