Тече рокот за доставување геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти

- Локални
979

Општина Струга преку соопштение за јавност ги  известува граѓаните  дека поднесените барања за бесправно изградени објекти поднесени до 2015 и 2016 година имаат рок за доставување на геодетски елаборати до 31-ви јуни 2018 година.
„Ве молиме во најкраток можен рок комплетирајте ги предметите за легализација со соодветните геодетски елаборати овие денови, во спротивно согласност со Законот за бесправно изградени објекти, ќе се донесе Решение за одбивање на барањето.„ – стои во соопштението
Подетални инфомравии можете да добиете од  Ерканда Баута – Одделение за правни работи (Канцеларија бр. 30)

Strugaonline

Facebook Коментари