Остана уште една недела до почетокот на овогодинешното јубилејно петто издание на меѓународниот Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид ќе се одржи од 13-17 јуни 2018.
„Отворањето на фестивалот е планирано за 13.06.2018 со настап на актерската група на Црвен крст Охрид кои ќе ја изведат претставата „ВО ФИОКА“, а во наредните денови на сцената во предворјето на црквата Св.Софија и НУЦК „Григор Прличев“ љубителите на театарот ќе можат да уживаат во оригиналните и креативни театарски претстави во изведба на актерските групи од Црвен крст Бар, Црвен крст Суботица, Црвен крст Крагуевац, Црвен крст Битола, Црвен крст Ужице и ОСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.“ – информираат организаторите.
Повеќе детали за театарските претстави и програмата на фестивалот ќе бидат презентирани во текот на нaредните денови.
Strugaonline
Facebook Коментари