Време: Претпладне сончево и топло, од пладне пороен дожд, грмежи и ветер

- Македонија
822

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во пладневните часови најпрво од запад, а потоа и попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен и југоисточен правец. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 36 степени. Од утре се очекува променливо облачно и нестабилно време со пад на температурите за неколку степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари