Вечерва со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде прикажан играниот филм „Планинско чудо-неочекувано пријателство“
Во филмот станува збор за девојка која се бори со астма и е однесена во клиника во Јужен Тирол за да се излечи. По некое време таа одлучува да излезе од тој пекол (така се чувствува во врска со болеста и лекувањето) и наскоро ќе запознае нов пријател. Заедно се обидуваат да го искачат врвот на една планина каде, според стар обичај, таа може да се излечи.
Што ќе се случува понатаму ќе имате можност да видите на самата проекција. Ова е одлична можност за сите љубители на седмата уметност да уживаат во комбинација на драма и авантура.
Strugaonline
Facebook Коментари