Ристе Калајџиоски е новиот спортски директор на РК Струга

- Локални, Спорт
1041

Откако РК Струга успеа да го добие своето место во Супер-лигата, сега влегува во нови предизвици и допрва ќе ги  остварува своите нови амбиции. Управата на тимот ги продолжи договорите со клучните ракометари, а во стручниот штаб на клубот влегува уште едно звучно ракометно име.

Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Ристе Калајџиоски кој е назначен за спортски директор. Калајџиоски, кој своевремено беше дел и од јуниорската и од сениорската репрезентација на Македонија, освен функцијата спортски директор, своето искуство и знаење ќе го пренесува и како дел од тимот на тренери.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари