Започна четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

- Македонија, Спорт
1009

Со првиот тренинг, вчера во Охрид, официјално започна четвртиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″. Oд денеска секојдневно ќе се одржуваат по два тренинга со сите седум групи. Со една група работат од 3, 4 тренери. Од година во година, интересот за учество на овој камп тврдоглаво расте. Првичната идеја од пред четири години беше да учествуваат деца само од Македонија, но ракометни таленти и од други земји покажаа интерес и се пријавуваат за учество на кампот „Кирил Лазаров 7“. Што се донесува до интересот, годинава имаше толку пријавени кандидати што има листа на чекање доколку некое дете се откаже, веднаш да влезе некој друг.

Околу 300 деца годинава ја имаат ексклузивната можност да учат да играат квалитетен ракомет предводени од квалитетен тим на тренери вклучувајќи го и самиот Кирил Лазаров, токму благодарение на неговата идеја која ја реализира веќе четири години се остварува сонот на младите ракометни надежи од Македонија и регионов.

Strugaonline

фото: КЛ7

 

 

Facebook Коментари