Четриесеттина еминентни сликари од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска и други земји ќе бидат дел од Деветтата меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, која ќе започне утрвечер во 20:00 часот во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани.
Тема на овогодинешното издание на ликовната колонија е „Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето“.
Според најавената програма, на оваа манифестација свое обраќање ќе има истакнатата француска уметничка со виетнамско потекло, Ми–Ан Хо, по што ќе следува камерен концерт на регионалната музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ, како и на македонската поп икона, Драган Мијалковски.
Вевчанската ликовна колонија негува традиција од 2010-та година и има меѓународен карактер. Со текот на годините, прерасна во реномирана ликовна колонија што на едно место ги собира најголемите уметници од Македонија и други земји.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари