Сообраќајка кај Враништа, загина едно лице

- Локални, Хроника
765

soobrakajka

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што на 14-ти јануари оваа година, во 17 часот се случи на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Враништа.

Е.Н. (46) од с. Подгорци – Струга, управувајќи ПМВ „Ауди А4“ со италијанска национална ознака удрил во пешакот С.З. (53) од с. Враништа – Струга. По незгодата Е.Н. ја однел повредената во МЦ – Струга каде била констатирана смрт.

Увид на лице место извршиле Јавен обвините и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари