Во Струга беше одбележан Меѓународниот ден на Балканските Eгипќани
По повод 24-ти јуни, Меѓународниот ден на Балканските Eгипќани, во Струга се одржа културна манифестација на која премиерно беше прикажан документарниот видео запис посветен на заедницата на Балкански Египќани како и изложба на стари слики и воедно беа претставени културните вредности, традиција и историја на заедницата на Балканските Египќани. Проектот е финансиран од ЕУ, во рамките на проектните активности на проектот „Диверзитетот е тренди„ кој го имплементира НВО ПТАХ2013 од Струга.

На манифестацијата присутствуваше и специјалниот советник за мултикултура, проф.др Рубин Земон од кабинетот на премиерот Зоран Заев, и директорот за остварување на правата на заедниците г-динот Илхам Рахман. Пораката која ја испрати претседателот на НВО ПТАХ2013 г-динот Мајер Зуко на оваа културна манифестација е дека во иднина заедницата на Балканските Египќани ќе биде целосно интегрирана во општеството како посебна етничка заедница заедно со останатите етнички заедници споменати во преамбулата на уставот на РМ.
Strugaonline

