Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во понеделник (01.07.2018), со пчеток во 19:00 часот на кино- репертоарот ќе биде премиерата на комедијата „Височините“. Влезот е 100 денари.
Приказната во филмот започнува во 1872 година. Младиот револуционер Гичо е со бандата на Димитар Обштиот. Гичо го носи со него Асенчо, млад пастир од селото Жеревна, кој е страсно инспириран од активностите на претстојната револуција. Во инает на забраната издадена од Централниот револуционерен комитет, Димитар Обштиот со својата банда врши кражба на турски приходи од данок. По операцијата на кражбата на златниците, Димитар Обштиот му доверува на Гичо една посебна мисија, да испорача на рака писмо до главниот револуционер, познатиот Левски. Гичо ја прифаќа задачата со гордост и заедно со Асенчо тргнуваат на пат кон Височините да го најдат Левски, кој секогаш се чини дека е ден пред нив.
По огромниот успех во Бугарија и повеќе од 150.000 гледачи во киносалите, „Височините“ доаѓа во кината и кај нас. По светската премиера на филмот на филмскиот фестивал од А-категорија во Москва и наградата на Софискиот филмски фестивал, „Височините“ продолжува да чекори и со успешен фестивалски живот. Во моментот филмот е на редовниот кинорепертоар во киното „Милениум“ во Скопје.
Strugaonline
Facebook Коментари